Откријте го Новиот Tucson

Комбинирајќи освежен и поистакнат изглед, со изобилство на нова технологија и најновите напредни системи за помош при возење, нашиот компактен SUV е најдобар досега.

Истакната каскадна предна маска

Новиот Tucson сега ја има препознатливата каскадна предна маска на Hyundai.Испакнатите хромирани решетки даваат јасен став, обвиткувајќи се во редизајнираните LED предни светла и дневни светла (DRL).

Елегантен и спортски

Смелиот и атлетски изглед е постигнат преку рафинирани, флуидни површини, одлично дефинирани линии и балансирани пропорции. Страничната линија којашто му дава карактер, впечатливо се издолжува од предните до задните светла, давајќи чувство на динамично движење нанапред.

Рафиниран флуиден дизајн

Смелиот и атлетски изглед е постигнат преку рафинирани, флуидни површини, одлично дефинирани линии и балансирани пропорции.
 

8”-навигација

Една од големите промени во кабината на Новиот Tucson е 8”-екран за навигација. Перфектно поставен за лесна интеракција, елегантниот екран на допир лебди над контролната табла. Овој дизајн Ви нуди мултимедијални информации поставени повисоко и поблиску до Вашиот поглед. Уживајте брз пристап до информации, медиа и систем за навигација, Live Services, Apple CarPlayTMи Android AutoTM. !Apple CarPlayTMе регистрирана марка на Apple Inc. !Android AutoTMе регистрирана марка на Google Inc.

Систем за целосен преглед (SVM)

Лесно и едноставно. Системот за целосен преглед во Новиот Tucson го прави маневрирањето во тесен простор полесно и побезбедно. Преку серија на стратешки поставени камери, оваа напредна алатка за безбедност Ви нуди поглед од 360⁰ околу возилото, за да бидете сигурни во она што го правите.

Паметен систем на задна врата

Товарете со леснотија. Паметниот систем на задната врата се отвора автоматски кога возачот се доближува барем 3 секунди. Ова го олеснува товарењето на тежок и незгоденбагаж, со тоа што не мора да посегнувате по својот клуч за да ја отворите задната врата.

Премиум звучен систем

Премиум звучниот систем на KRELLпренесува беспрекорен звук. 10 звучници и еден надворешен засилувач на звук се заслужни за специјалното звучно искуство.
 
Префинето изработен ентериер
Седнете и опуштете се, новиот Tucson со навалувачки задни седишта нуди изобилство простор за пет возрасни луѓе. Откријте исклучително ниво на удобност со висококвалитетни материјали и меки површини низ кабината за сензуален и рафиниран изглед.
Флексибилен багажен простор
Простран и флексибилен. Новиот Tucson е опремен со багажен простор од 513l. Променливиот багажен простор е едноставен за прилагодување – за неколку секунди може да ги склопите седиштата 60:40. Доколку ги склопите сите задни седишта добивате просторни 1.503-литрен багажен простор.
 
Спојлер
на преден браник
Намалена
косина на А-столб
Аеродинамика
под каросерија
Странични детали
на заден спојлер
Cd
0.33

Аеродинамичен дизајн

Елегантниот изглед на новиот Tucson не е само за убавина. Дизајниран е за да го подобри коефициентот на отпор за подобра ефикасност на горивото. Аеродинамични подобрувања има и кај спојлерот на предниот браник, намалена е косината на А-столбот, страничните детали на задниот спојлер и оптимизирана е аеродинамиката под каросеријата.

Простран и детален

Рафинираниот ентериер на новиот Tucson,исто така, вклучува нови детали, правејќи ја новоуредената кабина поголема и поудобна. Целосно новата инструмент-табла е изработена од висококвалитетни материјали коишто се меки на допир, со двојни шевови за поудобно, квалитетно чувство. Направете го Вашиот избор од четири различни внатрешни бои со нови современи материјали како пресирана кожа, текстилни материјали за уредување и тридимензионални текстил-материјали.

Црна

Класичниот црн ентериер вклучува сиви линии за елегантен контраст и црни шевови на инструмент-таблата, управувачот и менувачот.

Сахара Беж

Двотонскиот Сахара беж ентериер е во корелација со суптилни контрасни светлобеж линии, за нагласување на бојата. Инструмент-таблата, исто така, вклучува светлобеж контрасни шевови, за елегантно искроен изглед.

Црвено вино

Додадете ексклузивна нота во ентериерот на Вашиот Tucson со богатата црвена боја на вино. Покрај впечатливо обоените врати и седишта, црвен контраст има и на инструмент-таблата, управувачот и менувачот.

Светло сива

Искусете ја убавината на контрастот. Новата светлосива боја на ентериер вклучува обоени врати и седишта, заедно со црни линии за истакнување на бојата. Сивиот контраст на инструмент-таблата, управувачот и менувачот придонесуваат во додатниот изглед на искроена елегантност.
 

Освежен надворешен дизајн

Новиот Tucson сега вклучува нови, препознатливи, редефинирани целосни LED предни светла за поспортски изглед. Тие се претопуваат во новата каскадна предна маска, којашто е поставена над редизајнираниот преден браник. Силната задница сега е освежена со редизајнирани задни светла и заден браник.

 

LED дневни светла и светла за магла


LED дневните светла сега се редизајнирани, давајќиму претпознатливи светлана новиот Tucson.

Двојни LED предни светла со вклучени LED-трепкачи


Новиот Tucson сега вклучува двојни LED предни светла за поголема прегледност. Тие се опремени со системот за автоматски долги светла, за поголема безбедност и помалку стрес.

Каскадна предна маска


Препознатливата предна маска на Hyundai сега е редизајнирана за предницата да биде повпечатлива.

Алуминиумски фелни


Изберете го оној Tucson кој најмногу одговара на Вашиот стил. Изберете од динамично стилизираните фелни со големина од 16”, 17”, 18” или 19”. ! достапни само во одредени региони.

Панорамски сончев кров


Почувствувајте јалуксузноста на широкоотворениот панорамски сончев кров. Искористете најмногу што можете од синото небо и повеќе уживајте во светот околу Вас.

Динамична линија


Динамичната линија на надворешната лајсна е засилена со хром, движејќи се кон C-столбот за елегантен завршеток.

LED задни комбинирани светла


Редизајнираните задни LED комбинирани светла му носат на новиот Tucson препознатлив изглед и поголема видливост и динамичност.

Двојни хромирани издуви


Спортските двојните хромирани издуви, исто така, имаат освежен изглед – еден од многуте додатни дизајни коишто го прават новиот Tucson толку специјален.

Заден браник


Задниот браник придонесува за робусниот изглед,како што одговара на еден SUV.
 
Трепкачи во надворешни ретровизори
Трепкачите во надворешните ретровизори го привлекуваат вниманието на другите возачи, правејќи ги престројувањето и менувањето на правецот многу побезбедни.
Украсна лајсна над тркалата
Стилизирањето на украсните лајсни над тркалата, во правец надвор од центарот, даваат чувство на движење и придонесуваат за силниот карактер.
Странични лајсни
Спортските двотонски странични лајсни ги поврзуваат тркалата и визуелно го зголемуваат меѓуоскиното растојание.
Заден спојлер
Аеродинамичниот заден спојлер, исто така, елегантно го вклучувависокопоставеното СТОП-светло.
 

Внатрешен комфор со стил

Импресивен спој на исклучителна пространост и комфор, како и вниманието на детали е тоа што го прави новиот Tucson толку специјален. Ергономскиот внатрешен дизајн е надграден со нови меки материјали и рафинирани комбинации на бои.
Боја на седишта:

Внатрешен простор

За да бидете сигурни дека сте направиле вистински избор со Вашиот Tucson, можете да изберете 4 различни бои на внатрешноста. Црна, Сахара беж, Светлосива и исклучителната Црвено вино. Запознајте ја суштината на останатиот ентериер подолу.
 

Истражете ја суштината на ентериерот

Новиот Tucson нуди беспрекорна поврзаност каква што и очекувате, и е опремен со најновите иновативни технологии за да го направи Вашето возење поудобно.Во продолжение, запознајте дел од ексклузивните опции.

Контролна табла


Оптимално поставена и прегледна, контролна табла со 4.2” LCD-екран во бојапокажува важни информации, како статусот на активни безбедносни алатки, преостанати километри, потрошувачка на гориво, инструкции за навигација, надворешна температура и др.

Контроли на управувачот


Останете поврзани и во контрола без да ги тргнете рацете од управувачот. Контролите за системот на напредниот автопилот се исто така овде, за да можете да одржувате постојана брзина и оддалеченост од возилото пред Вас. Постои и верзија со греење на управувачот, за уште поголема удобност.

Систем за навигација


Перфектно поставен за лесна интеракција, 8”-екран на допире круната на контролната табла. Овој дизајн овозможува информациите да бидат прикажани поблиску до линијата на Вашиот поглед. Исто така, овозможува лесен пристап со Android Auto и Apple CarPlay, така што Вашиот телефон ќе функционира на големиот екран.
Apple CarPlay™ е заштитен производ на Apple Inc. Android Auto™ е заштитен производ на Google Inc.

Целосно автоматски клима-уред


Одберете ја идеалната температура и опуштете се, системот ќе го направи останатото. Двозонскиот автоматски клима-уред создава индивидуални комфор-зони за возачот и совозачот.

Крој од кожа


Зависно од нивото на уредување, меката кожа со акцентиран крој покрива огромен дел од ентериерот за чувство на рафинираност.

Крој од кожа


Зависно од нивото на уредување, меката кожа со акцентиран крој покрива огромен дел од ентериерот за чувство на рафинираност.

Огромен багажен простор


Дизајниран да собере се што Вие и Вашиот зафатен живот ќе сместите во багажниот простор, новата Santa Fe нуди високо приспособлив систем кој овозможува огромен простор како за вашите патници, така и за вашиот багаж. Во 5-седишна конфигурација има неверојатен капацитет од 625 литри (VDA). Исто така неверојатно лесно се прилагодува: со спуштање на вториод ред седишта се добива простоир од 1695 литри.

Потпирач за раце


Удобно тапацираниот потпирач за раце меѓу предните седишта е исто така и простор за складирање. Исто така постојат и многу други паметни простори за складирање низ целата кабина.

Кожени завршетоци


Ќе го почувствувате вниманието кон деталите во широката употреба на висококвалитетни материјали во текот на пилотската кабина. Шиена кожа покрива најголем дел од внатрешните површини за рафиниранa и прилагодена атмосфера.

Целосно автоматизирана контрола на клима


Едноставно користење за максимален комфорт. Двозонската автоматска клима создава комфортни зони за возачот и совозачот. Поставете ја саканата температура, системот се грижи за преостанатото.

Товарен капацитет


Новиот Santa Fe може да биде специфиран со 5 седишта со променлив товарен капацитет од 585 до 1680 литри, или со 7 седишта каде што може да се смести товар помеѓу 516 и 1615 литри. Која верзија и да ја одберете, товарниот простор може да биде променет за да одговара на Вашите потреби.

Брз и флексибилен товарен капацитет


Можете брзо да го трансформирате новиот Santa Fe од 7 седишта до 2 седишта и назад - за секунди! Возите пријатели? Користете ги сите 7 седишта. Превезувате нова софа? Спуштете ги сите седишта.
 

Багажен простор – најдобар во класата

Новиот Tucson нуди најдобар багажен простор во класата, трансформирајќи 513 литри во 1503 литри со склопени седишта. Уште повеќе простор има во подот на багажниот простор, којшто е подесив по висина.

60:40 систем на склопливи седишта

Пространо и флексибилно. Новиот Tucson обезбедува 513-литрен багажен простор. Променливиот простор е, исто така, лесен за прилагодување – за неколку секунди можете да ја одделите задната клупа во 60:40. Така, со спуштени седишта имате вкупно 1.503-литрен багажен простор. За повеќе удобност, патниците на задната клупа можат да го наместат аголот на нивните седишта.
 
Вентилација на задни седишта
Прилагодливите издуви за вентилација им овозможуваат на патниците на задните седишта да го упатат текот на воздухот така како што ним им годи.
Електрична паркинг-сопирачка
Компактната паркинг-сопирачка ослободува корисен простор помеѓу предните седишта.
Поврзаност (AUX и USB)
Отворите за поврзување се наменети за повеќе видови персонални музички системи, вклучувајќи и USB-мемориски стик.
 

Перформанси

Новиот Tucson вклучува првокласна погонска линија, оптимизиран да ја намали емисијата на CO2гасови. Сите мотори од понудата се во согласност со најновиот стандард за емисии Euro6D-Temp.

1.6 GDi

Бензински мотор


1.6 GDi Бензинскиот мотор со погон на предните тркала вклучува и шестбрзинска мануелна трансмисија. Нуди максимална моќност од 97 kW/ 132 КС при 6.300 rpm и максимална влечна сила од 16.4 kg при 4.850 rpm.
МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ
132 ps
МАКСИМАЛНА ВЛЕЧНА СИЛА
16.4 kg·m

1.6 CRDi

Дизел мотор


Новоразвиениот 1.6 дизелски мотор произведува 85 kW / 116 КС и е достапен со избор помеѓу погон на предните тркала или погон на сите тркала. Моторот нуди шестбрзинска мануелна трансмисија или првокласната седумбрзинска трансмисија со двојна спојка на Hyundai.
МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ
132 ps
МАКСИМАЛНА ВЛЕЧНА СИЛА
16.4 kg·m

2.0 CRDi

Дизел мотор


2.0 CRDi дизелскиот мотор произведува 185 КС при 4.000 rpm и 41 kg.mвлечна сила при 1.750 ~ 2.750 rpm.
МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ
132 ps
МАКСИМАЛНА ВЛЕЧНА СИЛА
16.4 kg·m
 

7-брзински менувач со двојна спојка (DCT)


7-брзинскиот менувач со двојна спојка на Hyundai ја комбинира ефикасноста на горивото и забавата при возење со мануелен менувач, со придобивките на автоматски менувач.
*достапно само со одредени типови на мотор
 
McPherson предна суспензија
Ревизираниот дизајн на предната суспензија обезбедува поостро управување и поудобно возење.
Задна Multi-link суспензија
Оптимизираната геометрија на задната суспензија го подобрува квалитетоти стабилноста на возење.
 

Hyundai SmartSense

Со Hyundai SmartSense, нашите првокласни напредни системи за асистенција при возење, новиот Tucson ја нуди најновата активна технологија за безбедност – изградена да Ве заштити и да Ви обезбеди спокој.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
  • Помош за избегнување удар од напред (FCA)

    Скенирајќи го патот пред Вас со радар и камера, системот за избегнување удар од напред автоматски го сопира возилото кога ќе забележи нагло сопирање или пешак пред Вас. Најпрво го предупредува возачот со визуелни и звучни предупредувања, потоа ги контролира сопирачките соодветно на опасноста за удар и употребува максимално сопирање за да избегне удар. Системот се активира кога возило или пешак се забележани пред Вашето возило, со брзина на движење од 10 km/h па нагоре.

  • FCA
  • BCW
  • LKA
  • LBA-S
  • SCC
  • END
 

Помош за долги светла (HBA)

Помалку стрес и максимална видливост. HBA ги забележува возилата пред Вас и оние во спротивен правец и по потреба ги менува светлата од долги во кратки, намалувајќи го ослепувачкиот ефект на другите возачи. Кога веќе нема возила, системот автоматски ги реактивира долгите светла, максимизирајќи ја видливоста на возачот.

Предупредување за привлекување на вниманието на возачот (DAW)

Оваа алатка ја подобрува безбедноста со констатно надгледување и анализирање на шеми на возење. Кога е забележан умор или одвлекување на вниманието, DAW го привлекува вниманието на возачот со звучно предупредување и со сугестивна порака за пауза.
 
 
Систем за следење притисок во пневматици (TPMS)
Системот го следи притисокот во секој пневматик. Несогласувањата се поврзани и прикажани на инструмент-таблата.