Политика на квалитет

Hyundai Motors

Секогаш во согласност со високите стандарди за посветеноста кон грижата за своите корисници, Кореа Ауто Трејд – ексклузивниот дистрибутер на Hyundai Motor Company за возила и резервни делови во Република Македонија, за своите нови корисници овозможува и дополнителна услуга наречена “3х5”.

Всушност, како привилегија за членството во глобалното семејство на Hyundai, секој нов корисник добива можност за пет годишна гаранција на возилото, пет години членство во клубот на корисници на Hyundai – кој обезбедува 24 часовна поддршка на пат низ цела Европа, како и пет години бесплатна проверка на возилото во овластените сервисни места на Hyundai ширум Република Македонија.

Кореа Ауто Трејд и по 20 години успешно постоење на македонскиот пазар, секогаш работи во огласност со барањата и стандардите на Принципалот, каде грижата за корисниците е на прво место. Токму од таа причина, Кореа Ауто Трејд на своите постоечки и нови корисници им овозможува професионална, навремена и квалитетна услуга, како и комплетна грижа за оддржување и сервисирање на возилата.

Page sharing
notice close