Лизинг е облик на финансирање каде корисникот зема на лизинг, како посебен облик на наем, возило, опрема или недвижнина (генерално предмет на лизинг) со цел да го користи за лична или деловна намена. Давателот на лизинг го купува предметот на лизинг, возилото HYUNDAI, со намена да го употребува корисникот на лизинг на начин опишан во договорот за лизинг. Притоа давателот на лизинг останува правен сопственик на предметот на лизинг за целото времетраење на лизингот. Суштината на лизингот е фактот дека профитот, односно ползата од предметите доаѓа од нивното користење, а не од сопственоста над нив.
Кореа Аутотрејд, во соработка со банките во РМ, ви овозможува кредити со најповолни финансиски услови за купување на Hyundai возилата.