• Кореа Ауто Трејд

    Ние постоиме за да ги подобриме животите на луѓето.

За Кореа Ауто Трејд

Кореа Ауто Трејд, овластен дистрибутер на возила и резервни делови на Hyundai Motor Company за Р. Македонија и Р.Косово, ја негува својата традиција на постоење уште од март, 1995-та година. Секогаш во согласност со високите барања и стандарди поставени од страна на Принципалот, Вам како наши драги потенцијални и веќе постоечки корисници Ви овозможуваме професионална, навремена и квалитетна услуга, како и комплетна грижа за оддржување и сервисирање на Вашите Hyundai возила.

Комплетно уредениот простор на Кореа Ауто Трејд, кој во потполност ги задоволува потребите на еден модерен, современо опремен и услужен центар е составен од продажен салон, специјализиран сервис, сервисен тренинг центар, магацин за резервни делови, царински склад и дирекција. Во соработка со еминентни финансиски институции, а со единствена цел да Ви помогнеме во Вашиот избор како ценети потрошувачи. Кореа Ауто Трејд Ви овозможува и поволни услови за лизинг и кредити, како и корисничка поддршка при аплицирање и посредување на потребната документација. Согласно нашата политика за овозможување на квалитетна, навремена, професионална и комплетно кориснички ориентирана услуга, тимот на Кореа Ауто Трејд Ви стои на располагање...

Page sharing
notice close