Агресивниот преден браник со големи отвори за воздух
и каскадната предна маска претставуваат јасна слика
за изведбата, со ексклузивни 19”
тркала моделирани со логото N и високо квалитетни
сопирачки со црвени N-стегачи на дисковите.
Аеродинамичниот заден спојлер со триаголно стоп-светло
во комбинација со агресивниот заден браник и двојниот спортски
придушувач на издувни гасови прават моќна изведба.
Кабината на i30 N е создадена за контрола и комфор.
Ергономијата е комплетно фокусирана на возачот, поврзувајќи го
го возачот со возилото во секоја точка. Спортските седишта нудат одлична
поддршка во секоја ситуација.